fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Водата во браната Паљурци неконтролирано се троши

Езерото може да го спаси единствено хидросистемот Ѓавото

Браната Паљурци се суши, нема вода за посевите на земјоделците, а во опасност е и живиот свет. Езерото кое видливо исчезнува сѐ уште привлекува рибари, но, велат риби речиси и да нема. Доаѓаат од навика и носталгија. Браната се суши поради неповолните временски услови, долгото и сушно лето, но според некои жители и земјоделците сносат дел од вината за оваа состојба, бидејќи водата во полето неконтролирано се троши.

Митко Стојков живее во близина на браната. Вели дека езерото може да го спаси единствено хидросистемот Ѓавото, кој го снабдуваше со вода и Дојранското Езеро. Но, системот втора година е исклучен. Стојков предупредува дека не смее да се дозволи водата во езерото да падне на минимум.

Од Министерството за животна средина на почетокот од летната сезона изјавија дека ќе го рестартираат хидросистемот ако има потреба, но, цело лето никој не се погрижи тој да почне со работа. Покрај Паљурци и нивото на Дојранското Езеро е намалено за најмалку еден метар.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close