Водици во Битуше, последно село каде се задржал вековниот мијачки обичај
Каде и да си, за Водици во Битуше да си.
Обичајот во 2019 година беше прогласен за културно наследство, но тој сè уште се одржува благодарение на самоиницијативноста и упорноста на жителите и потомците од селото
Каде и да си, за Водици во Битуше да си. Тоа е девизата на жителите и потомците од бројни генерации во познатото мијачко село. Причината за тоа е што во Битуше, за време на православното одбележување на празникот Богојавление – Водици, се одржува уникатен обичај, кој само таму од целиот мијачки крај со векови ја задржал својата изворна форма.
Обичајот во 2019 година беше прогласен за културно наследство, но тој сè уште се одржува благодарение на самоиницијативноста и упорноста на жителите на Битуше да ја продолжат традицијата од нивните предци.
За време на празникот жените со табли на глава, во кои се сместени домашен леб и погачи, одат низ селото и пеат песни за здравје во домовите, во семејствата, во селото
Главни во одбележувањето на празникот во селото се жените. Тие се именуваат кумстарки и се облечени во традиционални носии, што со генерации се предаваат од мајка на ќерка. За време на празникот кумстарките со табли на глава, во кои се сместени домашен леб и погачи, одат низ селото и пеат песни за здравје во домовите, во семејствата, во селото..
Притоа посебно се пеат и песни посветени на машките членови на семејствата. Како што објаснуваат жителите, во овој обичај се отсликува минатото на селото, кога повеќето од возрасните мажи заминувале на печалба, при што жените биле тие што останувале да бидат одговорни за одржување на домовите и семејствата. Со пеењето песни, жените им посакувале здравје на мажите гурбетлии.https://mk.voanews.com/