Конечно донесени серозни мерки за заштита од африканска свинска чума. Војската ќе не спасува од дивите свињи, кога тоа не го прават концесионерите и ловџиите
Владаат донесе одлука да ја вклучи војската во отстрелот на дивите свињи. Арм и генерал штабот во рок од три дена треба да изготват акционен план и да почнат со масовен лов на диви свињи во сите ловишта кои немаат концесионери кои се главно под Македонски Шуми и кои се токму во пограничните региони кои се и најзначајни за заштита од пренесува на вирусната болест од Бугарија и Србија. Концесионерите добија доволно време да извршат отстрел но досега е убиена само една дива свиња заради што тие денес од владата добија рок од десет дена да извршат отстрел на 50% од дивите свињи предвидени за оваа година.
За секој ловџија што ќе има и награда од 1000 денари за секоја дива свиња и плус месото кое што му останува на ловџијата. Доколку не ја исполнат оваа норма за десет дена и таму ќе се прати армијата во лов на дивите свињи како една од клучните превентивни мерки за заштита на свињарството од опасната вирусна болест африканска свинска чума која не е опасна за човекот но е катастрофално погубна за свињарството.
-Ние се одлучивме на вакви порадикални мерки за да заштитиме една многу значајна стопанска гранка. Ако влезе вирусот тогаш секако ќе мораме и дивите и свињите по фармите да ги изгубиме и тоа ќе биде голема економска штета. Годишно свињарството продуцира месо за домашниот пазар во вредност од 50 до 60 милиони евра за кое ако го изгубиме ќе треба да плаќаме по 100 милиони евра за увоз и дополнително ќе ни требаат неколку години за да го вратиме производството на ова ниво кое сега го имаме. Затоа се и овие порадикални мерки за заштита кои ги преземаме, рече Кочо Анѓушев вицепремиерот за економски прашања.
Покрај за дивите свињи владата предвидува и по 3000 денари доплата за сите оние што предвреме ќе ги заколат свињите од селските дворови каде немаат доволно биосигурносни мерки. Со оваа мерка се предвидува да се намали бројот за околу 18 илјади свињи кај малите фарми но да се заштити една гранка од земјоделството која има над 100 илјади свињи во современите фарми кои се под ризик. Свињарството се проценува дека произведува месо во вредност од 50 до 60 милиони евра годишно кое ако се изгуби ќе не чини 100 милион евра да го увеземе и дополнително ако се прошири вирусот тоа ќе има неколку годишни последици додека да се врати на сегашното ниво.
-Не сметам дека доцниме со мерката. Иако првата одлука ја донесовме на 24 јули сепак мораше да им дадеме на концесионерите да извршат отстрел на доброволна основа и кога се виде дека е време на одмори и не можат да се организираат сега се преземаат овие чекори кои се превентивни за да се заштитиме од појавата на болеста, рече Трајан Димковски министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Покрај ова се забранува и трговијата со свинско по добиточните пазари, се засилуваат контролите по границите за внесување на сувомесно и ќе се уништуваат сите свињи по депонии и оние кои слободно се пуштаат. Во земјава проценките се дека има околу 8 илјади диви свињи кои се планира и по постигнување на 50% за десет дена да се продолжи со нивно истребување како превентива од ширењето на болеста, нешто што развиените земји го применуваат и дава позитивни ефекти.
З.Б.