fbpx
Вести

Бербата на тутун влегува во завршна фаза

Бербата на тутун влегува во завршна фаза. Според првичните проценки на федерацијата на фармери  од засадените близу 14 000 хектари треба да бидат собрани околу 26 000 тони суров тутун. Поради неповолните климатски услови  очекуваната  количина ќе биде помала за 15% во однос на ланската сезона, но за сметка на квантитетот тутунопроизводителите оваа година ќе понудат производство со повисок квалитет,  вели претседателот на ФФРМ. Тој се надева дека проблеми со откупот нема да има и очекува ако не повеќе да се постигне ланската просечна цена од 183, 5 денари за килограм.

berbata na tutun vleguva vo zavrshna faza

 

– Ланската година бевме послаби со квалитет. Оваа година очекуваме нашите тунопроизводители да бидат со реално вреднување на нивниот производ, ако ништо друго да го постигнеме истото 183,5 денари за килограм, а сразмерно со ова ќе бидат и шеесете денари што владата на Репубика Македонија ги дава, односно 1 евро по килограм., вели Никола Стаменов – претседател на ФФРМ

Согласно законот,  15 декември е крајниот рок до кога мора да започне откупот на тутун, но од федерацијата на фармери не ја исклучуваат можноста тоа да се случи и порано. Од таму велат разговорите се во тек и доколу временските услови го дозволат тоа, првите количини тутун од новата реколта на откупните пунктови може да пристигнат во првата половина од ноември.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close