вестиМакедонијаТоп вести

Вонредните услови за работа по институциите и фирмите, а земјоделците  аплицираат за сè по редовни рокови

ЗЕЗ „Зелена берза“ Битола апелира до надлежните институции да го пролонгираат рокот за поднесување на апликации за повикот од ИПАРД Програмата, бидејќи во ново настанатата ситуација кога заради превенција од Корона вирусот институциите  и фирмите работат во вонредни услови, условите за аплицирање на земјоделците не се променети и мора да се придржуваат на нив.

Новиот режим на работа во институциите што произлезе од препораките за работа  како превентива од  Корона вирусот им создава проблеми на  земјоделците и на фирмите кои вршат  продажба на земјоделска механизација.

Земјоделците , особено оние што планирале да аплицираат на објавата по ИПАРД 2 Програмата се загрижени, дали ќе успеат до крај да ја поминат целата постапка бидејќи во сите институции во МЗШВ, АПРЗ, АФПЗРР имаат променет режим  на работа.  Променетиот режим на работа ги принудува  да бараат нови начини како да си ја завршат својата работа, бидејќи за нив течат роковите што се предвидени во огласите. Шетањето од една до друга институција предизвикува  нивно прегрупирање и задржување пред шалтерите, што не се препорачува. Загрижени се дека трошат време, а не знаат дали ќе завршат работа. Сметаат дека рокот за последниот повик за Мерката 1 од ИПАРД Програмата ќе треба да биде продолжен.

Фирмите што се занимаваат со продажба на земјоделска и друга приклучна механизација  велат дека се соочуваат со создавање  на спонтани групирања што е исто така забрането по препораките на Министерството за здравство.

-Ги следиме   препораките на министерството за здравство и својата работа ја прилагодивме на  препораките од Министерството за здравство. Ние работиме под вонредни услови, забранет е контакт на странки со вработените  кои не работат директно во продажба, и забранет е пристап на странки во канцелариите освен  во продавницата на Синпекс каде има тим од  вработени  со посебна заштита. Во моментов е актуелен ИПАРД – от и спонтано се прават гужви. Со цел да ја зачуваме безбедноста по здравјето и на вработените и на клиентите ќе побараме  до надлежните пролонгирање  на поднесување на апликации додека трае забраната од Владата   за ограничено движење , вели за Зелена берза Иванчо Стаматовски , маркетинг менаџер во Синпекс Битола.

Од Агенцијата за финансиска  поддршка на земјоделството и руралниот развој  за сега не планираат да вршат пролонгирање на датумот за поднесување на апликации за последниот повик по Мерката 1 од ИПАРД 2 Програмата.

-Нема потреба од загриженост, денес е 16 март, а рокот на повикот истекува  на 14 април. Има уште цел еден месец, вели Николче Бабовски од Агенцијата за финансиска  поддршка.

Во ЗЕЗ Зелена берза се јавуваат земјоделци кои велат дека само за нив не важат вонредни услови за поднесување на апликации. Сите институции и фирми работат во вонредни услови за што се плашат дека иако рокот е до 14 април не се сигурни дека ќе стигнат да ја комплетираат  потребната документација. Од ова Здружение апелираат  до институциите  да го пролонгираат рокот за доставување апликации со цел да може сите заинтересирани да имаат можност за користење на средства од ЕУ фондовите.

П.Ј.

 

Слични написи

Back to top button
Close