Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Протест на европските земјоделци во Брисел против новиот седумгодишен буџет на ЕУ

Земјоделци од повеќе земји членки на Европската Унија денеска протестираат во Брисел против предлогот за новиот седумгодишен буџет на ЕУ. Протестот е организиран паралелно со вонредната седница на Европскиот совет, на која шефовите на држави и влади разговараат за заедничките расходи до 2034 година.

Земјоделците поминаа покрај седиштето на Европската комисија и во близина на зградата во која се одржува денешната седница. Овој пат тие не добија дозвола да пристигнат со земјоделска механизација, па протестираат пеш.

Следниот седумгодишен буџет на ЕУ беше предложен од Европската комисија пред една година, по што беше ревидиран за време на ирското претседателство со Советот на ЕУ. Кон крајот на минатата недела, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претстави трет предлог, за кој лидерите разговараат денеска.

Последните предложени измени не ја добија поддршката од Франција поради делот што се однесува на земјоделството и предизвикаа незадоволство кај најголемите европски земјоделски организации.

Поврзани новости

Back to top button