fbpx
ВестиТоп вести

Возач од село Загориче загина во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Демир Хисар

Возилото на А.Ѓ.(45) од село Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот

Полицијата известува дека возач на 45-годишен од демирхисарко загина во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Демир Хисар.

– На 13.07.2025 во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(45) од село Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, известија од МВР.

Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close