Вработен од МЗШВ им допишал празнични работни часови на 23 лица од шумската полиција
Пријавениот С.Н. им овозможил на другите 23 лица да се стекнат со противправна имотна корист од околу 1.548.040 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет“, се вели во соопштението на МВР.
Вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја злоупотребил службената положба и им допишал празнични работни часови на 23 лица вработени како Шумски полициски службеници со што тие се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.548.040 денари, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР соопшти дека лицето им ги зголемило платите на службениците иако знаело и имал увид дека лицата немале воопшто или имале значително помал број празнични работни часови.
Поднесена е пријава против 40-годишниот С.Н. кој од ноември 2021 година до април 2022 година бил ангажиран за пресметките на плата на службениците во министерството.
„Останатите пријавени лица, иако знаеле дека паричните средства кои им биле незаконски исплаќани за работа на празник се прибавени со сторување на кривично дело, парите ги присвоиле за себе. Исто така, иако биле должни, до министерството не пријавиле поголем месечен прилив, ниту побарале вишокот прилив да биде вратен, односно да биде извршена корекција на примената месечна плата. На тој начин, пријавениот С.Н. им овозможил на другите 23 лица да се стекнат со противправна имотна корист од околу 1.548.040 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет“, се вели во соопштението на МВР.
Кривичната пријава до ОЈО ГОКК ја поднела Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.