Органските производи се продаваат на исти тезги и по исти цени како конвенционалните

Произведуваат сертифицирано органско киви, но го продаваат како конвенционално. Наместо во специјализираните продавници поголемиот дел од органското  киви  од  производителите  од Струмица завршува  на откупните пунктови за цени од 30 денари по килограм за прва и 20 за втора класа. Доколу се продава како органско цената би била повисока за околу 40%. Производители велат дека во просек од околу 70 до 80% органски производи  сигурно ги продаваат како конвенционални.  Алката што недостасува во синџирот се менаџери кои ќе се занимаваат со откуп и пласманот на овој тип производи.

,, Пласманот е најболната точка во нашиот дел на органското производство. Ние се трудиме, произведуваме органско овошје и кога ќе дојде ред за тогаш нема откупувачи, нема маркети кои би го откупиуле нашиот производ и би го понудиле на консументите.,, вели КОСТАДИН КОСТАДИНОВ – ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ

Органските производители на киви решението на нивниот проблем го гледаат во  здружувањето , а потоа организирано произведеното од нивните фарми да го понудат на пазарите надвор од државата.

,, Најдобро решение би бил извозот на нашите производи бидејќи количините кои што ги имаме за сега би можело да речеме да се направи еден контингент за извоз.,, вели КОСТАДИНОВ

Во просек на годишно ниво само во струмичко се произведуваат помеѓу 50 до 60 тони органско киви.  Поради долгиот сушен период количините годинава се намалени за околу 30 %, но квалитетот е значително подобар во однос на лани.

 


 

sitel

Share Button