fbpx
ВестиТоп вести

Се уредува речниот порој во с.Гермијан

 

Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и директорот на Центарот за развој на пелагонискиот регион Гого Видимче го посетија  с.Гермијан каде извршија увид на втората фаза од уредувањето на речниот порој. Станува збор за капитален проект во должина од 1500 метри кој се реализира во три фази . Првата фаза во должина од 900 метри е реализирана во 2018 г со средства од Светска Банка со што општина Новаци аплицираше и доби грант во висина од 16.557.000 денари .Втората фаза која е веќе во завршна реализација е во должина од 300 метри а средствата се обезбедени од Општина Новаци и центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со 6,8 милиони денари обезбедени преку Министерството за локална самоуправа. Останува за реализација третата фаза во нареден период кога ќе бидат обезбедени средствата со што целосно ќе се имплементира Проектот Уредување на речниот порој во с.Гермијан .

– Со ова го решаваме проблемот на жителите од Гермијан посебно оние кои живеат покрај овој порој затоа што при секој пообилен дожд тие куќи во близина се поплавуваа –истакна градоначалникот Љубе Кузмановски.


Оваа активност е дел од проект за општински рурални инвестиции на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

-Продолжуваме со решавање на проблемите во руралните подрачја. Заедно со градоначалниците ги следиме нивните барања и во координација со нив ги подобруваме условите во руралните средини. Во Гермијан извршиме регулација на речното корито, а ова е значаен проект за жителите поради поплавите што се случуваа. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион континуирано работи во надградба на капацитетите за заштита од поплави – истакна Гого Видимче, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.


Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, вели дека следната година со измените на Законот за рамномерен развој ќе се издвојат уште поголеми средства за регионите.

– Оваа година Министерството вкупно во цела држава инвестираше над 100 проекти кои што доаѓаат од овие центри а нивната вредност е 7 милион евра. Со поинтензивна динамики ќе продолжиме и следната година, бидејќи планираме со измените во Законот за рамномерен регионален развој и овие средства кои ќе се трошат од Министерството за локална самоуправа да се зголемат и проектите да идат од 8 плански региони и Центрите за развој на овие региони, со што ќе бидат насочени директно за жителите на региoните, изјави Милевски

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close