fbpx
Македонија

Собранието изгласа-кризната состојба продолжува до 30-ти јуни

Во рамки на 25-тата седница Собранието на Република Северна Македонија беше изгласано кризната состојба да продолжи до 30-ти јуни.

Со 61 глас „за“, без „против“ и „воздржани“ денеска во рамки на 25-тата седница Собранието на Република Северна Македонија беше изгласано кризната состојба да продолжи до 30-ти јуни.

Ова доаѓа по предлогот на Владата која претходно го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи со кој му се предложи на Собранието да се продолжи рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни идната година.

Владата на 20 ноември прогласи 30-дневна кризна состојба, откако Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на територијата на цела држава, со цел ефикасно справување со последиците од корона-кризата.

Во земјава досега, од почетокот на пандемијата со Ковид-19 се дијагностицирани вкупно 75.597 лица, додека бројката на активни случаи изнесува 21.910.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close