Временските услови неповолни за пчеларството
Затоа пак, променливото облачно време со сончеви периоди е добредојдено за изведување работи на поле.
Временските услови оваа недела ќе бидат поволни за кроење на лозјата и за резидба на овошките, но не и за пчелратсвото, велат агрометеоролозите.
-Минатата седмица имавме променливо време, при што дојде до разладување на атмосферата, со пониски дневни температури, кои за жал не го стопираа, туку само го успорија пролетното будење на овошките, особено оние од коскестите видови, кои и вообичаено се првите видови. Слични временски услови се очекуваат и оваа недела и тие се добредојдени за изведување на работи во поле како што е кроењето на лозјата и резидбата на овошките. Но, ваквите временски услови нема да им одат во пролог на пчеларите и пчеларството, каде потребите од храна се зголемени, па така пчеларите треба да обезбедат цврста храна заради зголемената потрошувачка предизвикана со предходното зимско затоплување, објаснуваат од УХМР.