fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Временските услови оптимални за подготовка на површините за нови овошни насади

Врнежите што ја зафатија земјава, најавените ниски температури и очекувањата на првиот снег идната недела, немаат некое поголемо значење за земјоделските култури.

Врнежите што ја зафатија земјава, најавените ниски температури и очекувањата на првиот снег идната недела, немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Ваквите услови, велат агрометеоролозите, се вообичаени за крајот на ноември и почетокот на декември.

За овој период од годината единствено се препорачува подготовка на површините за подигање нови овошни насади со оглед дека влага во почвата има доволно.

-Исто така, високата релативна влажност во воздухот овозможува оптимални услови за примарната манипулација на тутунот во домашни услови, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, периодот без врнежи завршува, а со тоа и времето кое беше оптималното за изведување на есенската сеидба.

-Оптималните рокови за сеидба на есенска пченица се веќе одминати. Оваа недела веќе се променија временските услови, а наредната се очекува и провејување на првиот снег, најпрво на планините, а потоа и на пониските места, кога температурите во утринските часови ќе бидат со негативни вредности од -1 до -6 степени, додека дневните нема да надминат 11 или 12 степени, информираат од УХМР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close