fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВиноТоп вести

Лозарите до Николовски: Десет тона грозје е колку твојата месечна плата, прими не на разговор!

Лозарите бараат средба со министерот за утре, петок

Поканата до министерот за земјоделство Љупчо Николовски да дојде да се сретне со лозарите  и да ги слушне нивните барања, вчера остана неодговорена.

Затоа, како што појаснуваат лозарите за ,,Фокус”, упатиле писмено барање до Николовски, да ги прими на разговор најдоцна до утре (петок), и тврдат доколку не се оствари средбата, тие од понеделник повторно излегуваат на протест и ќе го блокираат патот на неодредено време.

Нашите барања се јасни, бараме по 5 денари субвенција за предаден килограм грозје, да се вратат старите суми на субвенции по хектар кои сега се намалени, и да не се покачува цената на водарината.

Незамисливо е со денешната инфлација, килограм смедеревка да изнесува 14,5 денари, килограм вранец 17 денари. Цените се понижувачки и ако нема промена, лозарството сосема ќе замре. Лозарите имаа многу лоша година поради временските услови, но и разните болести кои ја погодија виновата лоза.

За да биде појасно, со овие цени, за еден тон смедеревка ние добиваме 14.500 денари, односно околу 235 евра. За десет тона, тоа се 2.350 евра. Цела година труд, вложување, макотрпна работа и големи трошоци, за сума која е колку едномесечна министерска плата.https://fokus.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close