ВестиМакедонијаТоп вести
Времето денес променливо со дожд и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер (над 70 км/час) од јужен правец, особено во источните делови.
Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјава. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.Во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час).