fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Врнежите продолжуваат, на повисоките места снег

На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1500 метри надморска висина врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната од 9 до 16 степени.

Исто така, во вторник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close