fbpx
ВестиМакедонија

Облачно, во западните делови дожд, а на планините снег

Утринската температура  се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 13 степени.

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, а во западните со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат во западните подрачја. Врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура  се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close