Врнежите поволни за поледелските култури
Врнежите од последниот влажен бран значително ќе ја подобрат состојбата за обезбеденост на почвената влажност кај поледелските култури, особено кај јачменот кој се наоѓа во фаза на налевање на зрното и кога потребите од вода вообичаено се многу големи, се наведува во агропрогнозата Управата за хирометеоролошки работи (УХМР).
Исто така, соопшти денеска УХМР, нестабилните временски услови, врнежите и зголемената влажност на воздухот поволно ќе влијаат на развојот на болести и штетиници кај растенијата, а земјоделските производители ќе треба во наредниот период да посветат особено внимание на нивна поинтензивна заштита.
Последниот влажен бран со кој на одредени места има дневни натпросечни врнежи од дожд би требало да трае до крајот на викендот.
Од недела и во текот на наредните денови потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето па ваквите временски услови поволно ќе влијаат на растот и развојот на сите земјоделски култури, а и ќе се создадат оптимални услови за работа на отворено и вршење на редовните земјоделски кативности, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
а1он.мк