Вести

Николовски: Се следи ситуацијата со дождот и неговото влијание врз земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ја следат ситуацијата со обилните дождови и нивното влијание врз земјоделството и доколку се добијат соодветни сознанија, ќе се преземат сите процедури.

–  Во постојан контакт сме со УХРМ. Досега немаме добиено официјални потврди за климатски настани коишто се причинители за одредени штети во земјоделскиот сектор. Ја следиме состојбата и Министерството за земјоделство и УХРМ веднаш штом ќе добијат соодветни сознанија односно официјални потврди, ќе ги покренат сите процедури што се во наша надлежност, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на Предлог-буџетот за земјоделство за 2018 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close