вести

Забрана за увоз на говеда од Босна и Херцеговина поради заштита од син јазик

(Oвој напис е објавен на: февруари 22, 2017)

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за забрана на увоз и транзит на живи животни, семе, ембриони и јајца од Босна и Херцеговина заради заштита од внесување на вирусот на болеста син јазик. Во Агенцијата велат дека на ваков чекор се решиле откако минатиот месец бил изолиран случај на болеста кај говеда на босанска територија.

zabrana za uvoz na goveda od bosna i hercegovina poradi zashtita od sin jazik

 

Статистиката вели дека ние не увезуваме многу од оваа држава, но бидејќи станува збор за заразна болест треба да се заштитиме вели Абдулезел Догани, заменик-директорот на Агенцијата за храна. Станува збор за вирусна болест, која лесно се шири од едно место на друго. Ги напаѓа преживарите (овци, кози и говеда), а се пренесува преку инсекти, кои се заразуваат со вирусот кога цицаат крв од инфицирани животни. He се пренесува од животно на животно, не е зооноза и не постои ризик за здравјето на луѓето. Болеста различно се манифестира кај различни видови животни, во најтешка форма се јавува кај овците и говедата, каде што предизвикува намалување на телесната тежина, намалување на млечноста, нарушување во растот на волната и можна смртност. Морталитетот е од 3 до 25 отсто кај заболените животни, но, може да достигне и до 70 проценти. Според ветеринарите, единствен спас за прекин на болеста е дезинсекција, дезинфекција на трлата, a животните треба да се закопуваат.

Болеста син јазик во 2014 година се појави во Бугарија и Грција и за кратко време се прошири во Македонија. Кај нас штетата беше минимална во однос на соседните држави. По преземените мерки за дезинсекција, болеста полека стивна, а за сите оштетени сточари државата се погрижи да им ја надомести штетата преку директни плаќања.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close