
Вести
Врнежите се повеќе од добредојдени за земјоделството
Врнежите што минатата недела ја зафатија Македонија се повеќе од добредојдени за земјоделството, велат агрометеоролозите.
За ниту една од културите влажниот бран не беше ризичен, ниту ќе предизвика некаков проблем зашто почвата е доволно сува и има капацитет да ги впие наврнатите количини.
Претходно, рече Ангелески, страдаа и овошките и виновата лоза, а сега се веќе обезбедени со влага особено во подлабоките слоеви.
– Површинската влага е доволна за поникнување, но не и за презимување. Мора да се подигне нивото на подземните води, а во прилог на тоа оди и стабилното и суво време кое се најавува за неделава, истакна Ангелески.