вестиМакедонијаТоп вести

И вработени во земјоделска дејност ќе бидат опфатени со 4 – от пакет мерки на Владата

 

Владата на Република Македонија на вчерашната редовна, 6-та седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, и го усвои пакетот кој е во насока на продолжување на мерките од претходните три сета мерки со цел понатамошно опоравување на домашната економија во периодот на враќање во нормала односно во новонастаната нормала.

Економските мерки што Владата ги усвои опфаќаат три столба. Првиот предвидува финансиска поддршка за граѓаните со цел стимулирање на потрошувачката. Вториот предвидува  финансиска поддршка за ликвидност  на приватниот сектор и стимулирање на претпријатијата за враќање и задржување на работниците на работните места и третиот столб е наменет за поддршка на финансиска и фискална одржливост во економијата вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините.

– Како прва од пакетот четири, ја издвојувам мерката Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.

Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места.

Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал

Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.

Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги, посочи Заев на прес конференцијата на која ги презентираше мерките.

Со мерката – Поддршка на откуп на грозје од реколта 2020 година, за која се предвидени 6.700.000 евра, ќе се поддржат производители на винско грозје кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби, како и винарски визби за транспортните трошоци при извоз.

Секој извозник ќе добие субвенција според количината извезено вино, која ќе се исплаќа скалесто во зависност од количината на извезено вино.

Мерките исто така вклучуваат финансиска поддршка за приватниот сектор, економијата и индустријата со цел воведување нови технологии, реструктурирање и зголемување на конкурентноста и продуктивност.

Целокупната вредност на финансиска поддршка за овој пакет  мерки е проценет на 28.898.380.000 денари, односно 470.000.000 евра.

За секоја од мерките ќе се носи законско решени во кое точно ќе бидат опфатени и прецизирани сите услови за добивање на помошта.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close