вести

Измените на Законот за консолидација на земјоделско земјиште наскоро во владина процедура

(Oвој напис е објавен на: јануари 25, 2018)

zemja

Тема на денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, со меѓународниот консултант на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации- ФАО, Франк ван Холст, специјалистот за земјишни политики на ФАО, Максим Горган и главниот технички советник, Вилма Даугалиене, беше напредокот на проектот за консолидација на земјоделското земјиште, кој што се имплементира од ФАО, а е финансиран од Европската унија, преку ИПА Програмата.

Консултантите од ФАО, информираа дека веќе се избрани 12 локации во региони во Македонија, за кои ќе се изработуваат физибилити студии за започнување на проекти за консолидација на земјоделското земјиште.

Министерот Николовски, ги информираше дека измените на Законот за консолидација на земјоделско земјиште се подготвени и наскоро ќе влезат во владина процедура.

Овој проект е од исклучителна важност за македонското земјоделство бидејќи ќе го реши проблемот со раситнетоста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси во Македонија.


 

ипортал.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close