fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Важно е менување на земјоделските култури на една површина

Земјоделците да го почитуваат плодоредот, во спротивно тоа резултира до деградација на почвата и мал и неквалитетен род како краен исход

За земјоделците работата не завршува иако календарски сме навлезени во есента, напротив сега е време кога треба да се планира на која парцела кои култури ќе се засадат, да има смена на култури, но и треба да се внимава која култура до која треба да се сади.

Филип Димкоски, дипломиран земјоделски инженер агроном по градинарство и цвеќарство вели дека оние кои се занимаваат со полјоделство, лозарство или овоштарство, знаат дека нивната сезона никогаш не завршува затоа што земјоделството е тесно поврзано со природата чии циклуси постојано се повторуваат. Есента е период кога во градинарството се сеат или веќе се негуваат одредени култури за есенска сеидба како што се спанаќот, грашокот, кромидот и лукот за млада пролетна берба, руколата и слично.

„Во овоштарството за некои овошни дрвја е време на берба како јаболката, а и дуњите, есенските круши, мушмулите, калинките… Во лозарството завршува бербата на грозје и следи зазимување на лозовите насади преку зимски третмани, а слична е и ситуацијата кај овошните садници кои плодоносат во текот на летото. Дождовите и топлото време оваа есен овозможија доволно количество почвена влага кое пак ќе резултира со добро извршени агротехнички предсеидбени мерки, а тоа дозволи успешна сеидба чиј рок е продолжен. Секако есента, а особено доцната есен и зимата се време кога земјоделците треба да извршат планирање кое многу ја олеснува натамошната работа. Планирањето подразбира да се определат површините и културите кои ќе се садат или сеат во следната нивна вегетациона сезона. Важна е плодосмената и полесмената, односно смената на културите и смената на површините на кои тие ќе бидат посеани/засадени. Од неможност заради механизација, неможност заради недоволна површина или од економски или пак други причини често не се почитува плодоредот, а тоа резултира до деградација на почвата и мал и неквалитетен род како краен исход“, објаснува Димкоски за faktor.mk

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close