fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За 2 денари поскапува само обичниот бензин

Регулаторната комисија за енергетика најави дека од вечер по полноќ за два денари по литар ќе поскапи бензинот од 95 октани, додека цените на другите видови горива не се менуваат.

За два денари од полноќ поскапува Еуросупер БС-95, додека цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена по која ќе се продава Еуросупер БС-95 ќе биде 85 денари за литар, додека за Еуросупер БС-98, цената останува иста – 85,5 денари за литар. Непроменети остануваат и цените на дизелот кој ќе се продава по 76 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство по 75 денари за литар. Цената на мазутот останува 43,797 денари/килограм

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close