fbpx
Вести

За 20 насто зголемен извозот на домати и на краставици

Извозот на македонските домати и краставици во овој период од годината е за 20 проценти повисок од истиот период лани, соопшти директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски, по вчерашната посета на Општина Василево. Трипуновски се сретна со земјоделците од регионот и ги информира дека се изготвени измените во Законот за земјоделство и рурален развој, со кои ќе се воведе неделна откупна цена.

za 20 nasto zgolemen izvozot na domati i na krastavici

 

“ Министерството за земјоделство подготви измени во Законот за земјоделство и рурален развој, кои се во владина процедура, и доколку бидат изгласани од Собранието, неделната цена ќе биде еден од условите за откуп на земјоделските производи. Тоа е едно од предложените барања кои градинарите ги изнесоа пред нас на минатонеделната средба, на која присуствуваше и министерот за земјоделство. Ова ќе биде можност фармерите да знаат однапред по која цена можат да го продадат нивниот род”, појасни Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close