fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците се наши херои во добри, но и во лоши времиња!

Животот во градовите носи една динамика, а животот во селата сосема поинаква. Ние од градовите понекогаш имаме чувство дека сме центарот на светот и дека кај нас животот е најинтензивен. Сѐ додека не се случи нешто од епски размери, како актуелната пандемија, што ќе не затвори во четири ѕида. Е дури тогаш сфаќаме каде и во вакви услови, продолжува и покрај сѐ да пулсира животот.

Kој и колкаво значење има во нашето севкупно егзистирање? Не сакаме да се фалиме, но ние во нашиот тим Тераграмин ова сознание го стекнавме и пред појавата на светската пандемија, ние имавме силно уверување дека земјоделците се едни од најупорните луѓе на планетата, жилави до крај и покрај тежината на нивната работа и покрај тоа што се изложени на сите можни климатски ризици, тие инстинктивно дејствуваат, никогаш не се делат од земјата, од природата и во секакви, па и највонредни околности, создаваат живот за себе и за нас “изолираните”.

Овие лекции секој еден од нас мора да ги научи. Ние остануваме посветени на соработката со земјоделците и во овие моменти, бидејќи пролетта е клучниот период кога тие ќе ја засадат новата надеж по полињата и ќе се изборат за да има доволно храна за сите нас, за што им ја испраќаме нашата поддршка и благодарност! Истовремено ги информираме дека сме тука за нив и дека ќе има доволни количини Тераграмин за задоволување на нивните тековни потреби!

Слични написи

Back to top button
Close