fbpx
ВестиТоп вести

За 20 отсто зголемени површините со тутун во Струмичко

Поради поволните временски услови сеидбата на тутун во Струмичко е речиси завршена. Засадени се околу 95 отсто од планираните површини кои во споредба со лани се зголемени за 20 отсто. Од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ велат дека за новата реколта биле подигнати помалку евидентни листови во однос на лани, но поради поволните услови и успешната сезона која помина без проблеми во откупот и добри просечни цени тутунопроизводителите решиле да ги зголемат површините.
Тутунопроизводителите се задоволни и од навремената исплата на субвенциите годинава кои изнесуваа од 90 до 60 денари за килограм. Сето ова придонесе тутунот годинава да биде засаден на поголеми површини.
Минатата сезона во овој регион беа произведени околу два милиони килограми суров тутун кој беше откупен по просечна цена од 210 денари. Врз основа на посадените површини и временските услови оваа година се очекува од засадените 1.200 хектари да се добијат околу 2.5 милиони килограми тутун.

 


 

vecer

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close