fbpx
ВестиСоветиТоп вести

„За едно лето ги потхранувам вака 3 пати: Доматите се „прелеваат“ од плодови дури до Октомври“

Овој дамнешно заборавен рецепт за потхранување на доматите е многу повеќе од ефикасен. Како резултат на неговата употреба, градинарските култури се развиваат многу побрзо од вообичаеното, а плодовите се кралски- полни кофи дури до есен, пишува порталот Нане!

Рецептот е многу едноставен
Потребни состојки

6-2.7 литри дестилирана вода
100 гр квасец
Половина супена лажица шеќер
Начин на подготовка

Во сад од 3 литри, се налеваат 2.6-2.7 литри вода без хлор (дестилирана), потоа се додава 100 гр квасец, претходно растворен во топла вода и 0.5 супени лажици шеќер и добро се мешаат состојките.
Откако ќе биде приготвена смесата, садот се покрива со газа и садот се складира на топло место, при што од време на време, потребно е да ја промешувате смесата. Откако процесот на ферментација ќе заврши, растоврот ќе биде готов за употреба.
Се додава по 1 чаша на 10 литри вода и со таа смеса се полеваат доматите, по 1 литар на корен.
Во текот на летниот период, вакви потхранувања на доматите се прават до 3 пати, а за возвраст, растенијата се зацврстуваат, стануваат посилни, плодот останув заштитен од изгореници и лесно ги поднесува горештините и лошото време.

Најпријатното изненадување е тоа што, со употребата на овој раствор, доматите зреат и нè радуваат и во текот на Октомври, без разлика на врнежите и студените ноќи. И најважно- без вештачки ѓубрива.

Извор:Градина.мк

Слични написи

Back to top button
Close