fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

За неполн час вчера биле употребени 49 ракети врз градоносните облаци во Пелагонија и 34 во Битолско-Демирхисарскиот регион

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека поради високите параметри било невозможно да се спречи појавата на град

За неполн час вчера биле употребени 49 ракети врз градоносните облаци во Пелагонија и 34 во Битолско-Демирхисарскиот регион, но, од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека поради високите параметри било невозможно да се спречи појавата на град. Сепак, со ова авионско засејување беше  намален интензитетот на овие обалци, што значи штетите предизвикани врз земјодлеските посеви можеа  да бидат уште поголеми без авионското засејување.

-На ден 21.06.2021 година централниот дел од Пелагониската котлина беше зафатена од јака несабилна воздушна маса која  брзо се формираше во планинскиот предел западно од Пелагонија, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште во соработка со АЕРОКЛУБ Скоје дејствуваше во перодот од 15:45 до 16:43 часот   со 49 палки врз градоносните облаци кои имаа екстремно високи параметри ( за споредба: обично јадрото на градоносните облаци се наоѓа на висина од 3 до 6 километри, на овие облаци јадрото беше помеѓу 8 и 12 километри висина) и според тоа имаше услови за појава на крупни зрна град.Со дејство врз вакви повеќечелиски градоносни облаци со екстремно високи параметри невозможно е да се спречи појавата на град, само може да се намали интензитетот и да не се дозволи да се прошири на поширок регион.   Во Кичевскиот регион  беше дејствувано врз градоносни облаци во периодот од 17:57 до 18:14 часот со 16 палка и во периодот од 18:52 до 19:20 часот  се изврши авионско засејување на градоносни облаци во Битолско – Демирхисарскиот регион со 34 палки. На ден 21.06.2021 година  се дејствуваше со вкупно 99 палки, стои во извештајот од УХМР.

Од УХМР велат дека формирањето на облаците се следи на радар и се дејствува во рана фаза, но, понекогаш градоносните облаци се формираат со исклучително голема брзина, а вчерашните биле со исклучително високи параметри, па затоа биле тошко да се се спрели појавата на град. Заштитата од град на било кој начин, не е повисока од 60 до 70 проценти.

Инаку само во јуни годинава употребени се вкупно 1254 ракети за разбивање на градоносни облаци, а за споредба лани, во текот на цела година се дејствувало со 1083 палки. Лани во јуни биле упторебени 487 ракети. Од УХМР велат дека палките и реагенсот се идентични како и оние кои се кроистеле во 2020 година за засејување на градоносните облаци.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close