fbpx
ВестиСовети

ЕУ: Потребно е зголемување на бројот на жени кои се носители на сопственоста на имотот

Само 30 % жени во Европската унија имаат статус на сопственици на земјоделскиот имот.

На предлог на новата Заедничка земјоделска политика, претставниците во Европскиот парламент, до Одборот за земјоделие и рурален развој, поднеле вкупно 7000 амандмани. Многу од нив се однесуваат на унапредување на статусот на младите и жените, одржливо управување со шумите и биомасата, поттик за пчеларскиот сектор.

Се нагласува дека, само 30% жени имаат статус на сопственици на земјоделското стопанство, а бил ставен акцент и на тоа дека партиципацијата на жените во повлекувањето на пари од програмата за рурален развој е ниска, така што ниту една држава членка, досега не воспоставила тематска потпрограма за жените во руралните простори, предвидена со Европскиот земјоделски фонд за рурален развој, каков што постои, на пример за младите земјоделци.

Како решение се наведува, дека потребно е да се зголеми бројот на жени носители на земјоделските стопанства и да им се овозможи на државите членки да можат во своите стратешки планови во рамките на Заедничката земјоделска политика да ги утврдат посебните услови за финансиските инструменти кои се однесуваат на подобрување на положбата на жената во руралните подрачја и нивните деловни можности.

Се додава дека, за зголемување на вработеноста на жените, неопходно е државите членки во Стратешките планови да промовираат развој на политики чија цел е постигнување на рамнотежа помеѓу семејниот и деловниот живот, при што значајна улога игра развојот на услуги на нега и изградба на со тоа поврзана инфраструктура.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close