fbpx
ВестиМакедонија

Има ли договор на Владата со банките за лицата со блокирани сметки?

Помина рокот за префрлање на 6 000 денари државна помош на сметките на граѓаните.  Ден потоа од Владата не даваат конкретен одговор дали се договориле со банките да се пролонгира рокот.

Помина рокот за префрлање на 6 000 денари државна помош на сметките на граѓаните.  Ден потоа од Владата не даваат конкретен одговор дали се договориле со банките да се пролонгира рокот,  и да им се излезе во пресрет на оние граѓани кои имаат блокирани  или воопшто немаат сметки.  Или пак нераспределените средства ќе се вратат во Буџетот.

„Во текот на вчерашниот ден, голем дел од податоците на примателите на финансиската помош од 6000 денари се ажурирани. Парите ќе бидат исплатени до сите на кои им се најпотребни и можат да ги искористат за лична потрошувачка. Во однос на отворањето наменски сметки за граѓаните со блокирани сметки, потсетуваме дека процесот се реализира преку банките кои имаат техничка можност за тоа и исплатата се одвива без проблеми”, информираат од Владата.

Во финална фаза е обработката на поднесените 70 000 приговори од граѓаните кои не се најдоа на листата на приматели. Но, надлежните повторно не прецизираат кога на овие лица ќе им легнат парите на сметка.

Сумата од 6 000 денари требаше да ја добијат околу 300 илјади граѓани. Засега е неизвесно колку од нив ќе останат со празни раце.https://sitel.com.mk/ima-li-dogovor-na-vladata-so-bankite-z-a-licata-so-blokiranismetki

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close