fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

За одложување на регистрацијата на тракторите итно поднесете барање до Платежната агенција

Важно за земјоделците што не можат да ги регистрираат тракторите. Денеска е последен рок за доставување на барање за пролонгирање на рокот за регистрација на тракторите добиени од Националната програма !!!

Засегнатите земјоделци кои не можат да ги регистрираат тракторите земени преку Националната програма, треба да достават барање за продолжување на договорот до Платежната агенција. Што е уште поважно рокот за поднесување на барањето истекува денес значи, земјоделеците мора денес по пошта да испрата барање до Платежната агенција во Скопје.  Помош за пополнување на барањето засегнатите земјоделци можат да побараат од вработените на АПРЗ во Битола и сите подрачни канцеларии на АПРЗ низ државата.

-Земјоделците треба да испратат Барање за анекс на договорот до Платежната агенција и рокот за доставување на Барање за исплата на сите ќе им биде продолжен до 31.12.2021 година.
За подетални информации сите засегнати можат да се обратат до работните единици на АПРЗ во својот град, порачува Љупчо Мојсовски од АПРЗ Битола.
Неколку стотина змејоделци кои зедоа трактори преку Националната програма не можа да ги регистрираат до дадениот рок и да си ги повратат парите бидејќи нема регистерски таблички.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close