вести

Николовски ја прими пораката за итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенција

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со првите луѓе на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ (DGAgri).

На средбата од страна на DGAgri присуствуваа Лиам Бреслин, Ана Новак и Зиго Рутковски, како и директорот на македонската Платежна агенција, Николче Бабовски.

„Од DGAgri упатија јасна порака – итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенција за ефикасна искористеност на постојните и акредитација на нови мерки од ИПАРД Програмата“, соопшти Министерството за земјоделство.

Николовски посочи дека зајакнувањето на капацитетите на ИПАРД управувачкото тело и на Платежната агенција, се високо на агендата на Владата и очекува во иднина да дојде до фазно доекипирање на овие две тела, а подеднакво посветено се работи и на акредитирање на нов мерки од ИПАРД Програмата.

Од DG Agri, порачаа дека треба да се работи на поедноставување на процедурите за аплицирање за ИПАРД Програмата и воведување на основни документи за подобност. Воедно посочија дека треба да се користат искуствата од другите земји, кои се успешни во искористувањето на ЕУ фондовите, како Турција и Хрватска.

Николовски истакна голема благодарност до претставниците на DG Agri, за нивната заложба за Македонија да може ефикасно да ги искористи ЕУ фондовите и посочи дека Министерството ќе биде силен партнер со DGAgri, се со цел модернизирање и приближување на македонското земјоделство до европските стандарди.

Во феврурари следната година генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ, во Македонија ќе организира заедничка работилница со управувачките тела и Платежните агнеции од Албанија, Македонија и Црна Гора за имплементација на повици од ИПАРД Програмата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close