вести

За откуп на земјоделски производи ќе се користи софтвер

Од идната година треба да почне примена на софтверот за откуп на земјоделски производи. Решението е готово и дадено им е на увид на сите инволвирани страни за сугестии и предлози.

za otkup na zemjodelski proizvodi kje se koristi softver

 

Софтверското решение е готово. Ќе го добијат преработувачите, земјоделците и воопшто сите вклучени во процесот.

Со софтверското решение предвидено е да има целокупна евиденција на сите преработувачи кои се запишани во единствениот регистар на земјоделски производства и на сите земјоделци кои се запишани.

Во секој момент ќе има информација колку е продадено, по која цена, колку е платено и дали е платено.

Картонските белешки ќе станат минато со примената на електронската евиденција, со која предвидена е и банкарска гаранција во преработувачката индустрија.

Претходно се направени измени во законот за исплата на земјоделците во рок од 90 дена. И со ова софтверско решение се предвидува исто како со тутунот и преработувачката индустрија да има банкарска гаранција.

Ако не им исплати на земјодеолците во рок од три месеци, ќе се активира гаранцијата

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close