fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За овчарите-новата мерка се однесува за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет

ИСПРАВКА по информацијата од МЗШВ -Од оваа година како редовна мерка се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано  јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022, во износ од 400 денари по јагне

Новата највена мерка од МЗШВ се однесува на заклано јагне, а не на женско заклано јагне како што вчера беше испратено во информацијата од МЗШВ.

-Од оваа година како редовна мерка се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано  јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022, во износ од 400 денари по јагне. Со воведувањето на оваа мерка ќе зголемат контролите во овчарството преку дополнителни проверки на бројот на заклани јагниња во однос на бројот на пријавени грла овци. Со цел да се избегнат манипулации од страна трговците и „ловците на субвенции”, кај дополнителната мерка за заклани грла говеда се воведува задолжителен период на чување на животните на одгледувалиштето од три месеци пред истите да се предадат во регистриран кланичен капацитет, информира министерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close