fbpx
ВестиСоветиТоп вести

За подигање на насад под ореви Чендлер, подготвките почнуваат сега

 

Оревите од сортата американската сорта Чендлер толку многу се раширија со производство во Турција што на Балканот станаа познати уште како турска сорта. Оваа сорта на ореви многу бргу стана популарна меѓу земјоделците заради бројните предности со кои се одликува. Она што на прв поглед делува атрактивно и веднаш влегува во око е што уште при набавка на садници или уште во првата година насадени на нивата додека се растенијата уште мали на нив ќе се јави плод што дава еден оптимизам дека сортата е многу родна. Но тоа не треба да ве подлаже и да ги оставите плодовите бидејќи многу е важно првите три години оревите кои ќе заврзат да се скинат  за да може растението да ја насочи целата храна и енергија кон формирање на стеблото и кореновиот систем односно на вегетативниот дел додека генеративниот дел во полн сјај ќе си дојде само по себе во следните години кога и ќе почне експлоатацијата на насадот.

Сортата Чендлер се разликува од старите сорти на ореви кои ги среќаваме по нивите и дворовите низ земјава по тоа што таа е латерална сорта додека старите се апикални сорти. Ова значи дека старите сорти род формираат само на врвот на гранката додека новите латерални сорти како што е Чендлерот род даваат по целата гранка заради што се и далеку породни. Друга голема предност на Чендлер е тоа што по првите плодови следните ги заврзува нешто подоцна во текот на пролетта па какви и да има мразеви пролетни можни се оштетувања на 20 до 30% од родот но сепак ќе имате принос и нема да пропадне годината што знае да биде случај кај старите сорти на Ореви. Овие предности како и убавата бела јатка која е барана и ценета за на пазар, високата продуктивност и исплатливост од земјоделец на земјоделец се раширило до тој степен да во Турција имаат милион стебла од оваа сорта и интересот постојано расте. Таму дури се отидени до таму да државните ниви во големи блокови од над сто хектари одредени од експерти дека се погодни за подигање на ореви ги делат на земјоделци на по 5 хектари но сите имаат услов на тоа место да подигнат ореви од сортата Чендлер за кога ќе дојдат на род тие да претставуваат еден монолитен збир и количина за понуда на трговците. За да има добар род потребни се и сорти на опрашувачи. Препорака е да се оди на чисти редови односно секој осми ред, цел ред по должина на насадот да биде засаден со сорта опрашувач најчесто тоа е сортата Франкет кој се остава да има поголеми стебла и има друг начин на обликување на дрвото за да може успешно да ги опрашува дрвата од Чендлерот. И опрашувачите даваат род но тој е помал заради начинот на резидба.

 

Како да подигнете насад под ореви Чендлер

Прво што се прави е агрохемиска и педолошка анализа на почвата. Да се види дали има доволно длабок ограничен слој бидејќи оревот бара длабока почва, да има каде да го шири коренот. Почвата не треба да има карбонати кои му сметаат и не треба да има високи подземни води. Во планирањето на потребниот број на садници треба да се одреди растојанието на садење. Стариот начин на одгледување 10 на 10 метри воопшто не е препорачлив. За Чендлерот може да се планира растојание 7 на 5 метри или 7 на 7 метри. Тоа се 200 до 270 садници. Изборот на садници е клучниот момент од кој може да зависи каков ќе биде текот на производството.  Потребно е да се избере расадник кој ќе гарантира за квалитетот на садниците и за сортата за потоа да немате проблеми. Садењето на садниците се прави на крајот на декември или почеток на февруари зависно од временските услови. Не е препорачливо да се прави наесен бидејќи потребно е садницата да биде зрела односно листот сам да падне природно а на местата каде се произведуваат садниците во Турција заради медитеранската клима тоа се случува подоцна од кај нас односно некаде на почетокот на декември месец.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close