fbpx
Вести

За рурален развој 33 милиони евра

za ruralen razvoj 33 milioni evra

Објавена е новата програма за рурален развој во износ од 33 милиони евра. Земјоделството со помош на оваа програма секоја година ја зголемува конкурентноста во производството и го подобрува животот во руралните средини.

Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на младите земјоделци се мерките кои и идната година ќе се ко-финансираат преку програмата за рурален развој.

Покрај зголемувањето на конкурентноста на земјоделските стопанства се обезбедува и финансиска помош за изградба на нови локални патишта, водоводи и инфраструктурата во руралните подрачја.

Преку оваа програма ќе се субвенционираат и 50 проценти од банкарските камати за земјоделските кредити.

Програмата е правена според потребите на земјоделците во соработка со нивните здруженија и во неа ќе влезат нови проекти или проекти кои се во тек на реализација.

 

Тагови

Слични написи

2 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close