Соопштение на Агенцијата за храна и ветеринарство

(Oвој напис е објавен на: November 5, 2018)

Почитувани,

Во врска со најавениот протест на здруженијата за заштита на животните и истакнатите барања до надлежните институции презентирани преку социјалните мрежи, како одговорна институција за здравствената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство Ве информира за следното:

1-Контролата на популација на кучиња, согласно Законот за благосостојба на животните е надлежност на општината, општините во градот скопје односно Градот Скопје. Секоја општина или Град Скопје, треба да воспостави систем на прифатилиште. Законот не обврзува секоја општина самостојно  да воспостави прифатилиште за бездомни животни, односно заедничко прифатилиште можат да основаат и повеќе локални самоуправи.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги одобрува прифатилиштата во зависност од тоа дали и колку ги исполнуваат условите пропишани во законските и подзаконските акти кои ја регулираат ова материја.Согласно ова, не постојат законски пречки едно прифатилиште да биде раководено од здружение за заштита на животните, доколку истото ги исполнува сите законски услови.

 

  1. Во поглед на истакнатото барање за комплетирање на Регистарот на сопственици на миленици, потенцираме декаво рамки на Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство функционален е модулот за регистрирање на домашни миленици. Во него досега се евидентирани 20.500 миленици.

Почнувајќи од септември годинава, Агенцијата ја реализира кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици – кучиња и мачки, за што набави 100 илјади микрочипови. Токму оваа акција за бесплатно микрочипирање на 100 илјади миленици, која Агенцијата ја спроведува во соработка со Ветеринарната комора на Република Македонија, во иднина ќе ја олесни контролата и ќе го заокружи концептот на одговорното сопствеништво во Република Македонија.

Во реализацијата на оваа кампања вклучени се 147 ветеринарни друштва. Услугата е прв пријавен прв услужен, а краен рок за користење на овие микрочипови е 31 март 2019 година.

 

3.Во врска со истакнатото барање за комплетирање на Правилникот за одгледувачници информираме дека Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи на подготовка на нацрт правилник за одгледувачници за домашни миленици и условите кои треба да ги исполнуваат продавниците за домашни миленици. Овој правилник е во фаза на усогласување со Секретаријатот за законодавство и според очекувањата, истиот треба да биде донесен до крајот на оваа година.

 

 

  1. За барањето за изработка на Регистар на одгледувачници кои ќе плаќаат уредно данок со што ќе се спречи да работат на црно притоа зголемувајќи го бројот на бездомни животни во градот, информираме дека по донесување на Правилникот за одгледувачници и заокружување на кампањата за бесплатно микрочипирање на 100 илјади миленици, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се формира Регистер на одгледувачници.

Во поглед на плаќањето данок од страна на одгледувачниците кои ќе бидат евидентирани во Регистарот на одгледувачници, како дел од барањата на активистите, информираме дека Агенцијата за храна и ветеринарство нема никаква надлежност  за воспоставување на оваа мерка.

 

  1. Во поглед на барањето за спроведување на ригорозен инспекциски надзор со највисоки казни за секој нерегистриран или напуштен миленик, потенцираме дека

Секторот за инспекциски надзор при Агенција за храна и ветеринарство ќе врши редовни инспекциски контроли во овој поглед согласно Планот за работа, а во согласност со законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја.

 

6.За барањето Градот/општината преку Советот усвои одука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик, информираме дека во рамки на соработката која ја има Агенцијата за храна и ветеринарство со ЗЕЛС, до сите општини испратено е известување за законските обврски кои ги имаат општините општините во поглед на промовирањето на одговорно сопствеништво на домашните миленици. За реализација на оваа мерка, како одговорна институција и за здравствената заштита и благосостојбата на животните, препорачуваме општините да донесат програми и буџет наменет за субвенционирање на кастрација и ојаловување на кучињата кои имаат сопственик, со што ќе се промовира одговорното сопствеништво, а крајниот резултат ќе биде намалување на бројот на бездомни кучиња.

 

 

7.За барањето Министерството за образование и наука, во соработка со АХВ, градот, сите општини и останатите поврзани институции спроведе масовна едукација во двете задолжителни нивоа на образование за одговорно сопствеништво и вдомување наспроти купување миленик, информираме дека од своето формирање во 2011 година досега, Агенцијата за храна и ветеринарство самостојно и во соработка со други институции и невладиниот сектор, досега организира повеќе кампањи за промоција на одговорното сопствеништво, почнувајќи од децата во градинките и нижите одделенија во основните училишта. Во септември минатата година, Агенцијата ја почна реализацијата на третата фаза од кампањата на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ ,,Биди неговиот херој,, за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво, како еден од основите за контрола на бездомните кучиња. Оваа кампања заедно со соседните земји Србија, Бугарија, Косово, Албанија и со Хрватска и Црна Гора, Република Македонија преку Агенцијата за храна и ветеринарствопочна да ја реализира во мај 2016 година.

Во нејзини рамки  стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство посетија голем број основни училишта и одржаа едукативни часови за дечињата за тоа како да се биде одговорен сопственик на домашно милениче, кои се правата и обврските на сопствениците на домашни миленици, како треба да се грижат за здравјето на животните,но, и за бездомните животни, водејќи сметка и за сопственото здравје.

 

 

Share Button