fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

За соседите македонскиот мед е течен дијамант

И покрај големите тешкотии со кои се соочува медарската дејност, голем дел од македонските медари не се откажуваат од стариот занает и правилниот начин на одгледување на пчелите и производството на квалитетен македонски мед, кој нашите соседи го нарекуваат течен дијамант, поради високите вредности и природниот начин на целиот производствен процес.

Оваа година нашите медари ја оценија како средножалосна, поради старите проиблем како климатските промени и зголемената употреба на пестициди во земјоделието, но и поради пандемијата. Со мала помош од државата пчеларите можат да закрепнат, голем дел од семејствата со тек на време да егзистираат од оваа дејност, а македонскиот мед да стане бренд.

-Годинава  е средножалосна година, на тоа влијаат секако климатските промени, потоа зголемената употреба на пестицидите, но и пандемијата која поради не можевме навреме да ги набавиме репроматеријалите, дека Македонија не произведува вакви материјали, и исто така ни беше ограничено движењето, затоа оваа година беше тешка за пчеларите. Ние кога учествуваме на натпревари, еве во Тузла на пример, Македонскиот мед беше прогласен како најквалитен мед и тој наш мед го нарекуваа течен дијамант. Во Македонија не можеме да произведуваме авиони, но можеме да произведуваме квалитен мед и за тоа треба поголема организација, односно помош од државата, во однос на давање субвенции, мерки и слично. Ако ни помогне државата јас мислам дека Македонскиот мед ќе стане бренд и голем дел од населението може да опстанува од овој производ, истакна Дритон Дикена од организација Градот на пчелите.

На Меѓународниот натпревар за мед кој се одржа во Тетово, се потврди квалитетот на македонскиот мед каде се проверуваа органолептичките својства на медот кои дадоа солидни резултати, но имаше и такви мостри од мед кај кои се утврди дека процесот на производство на медот и не е така природен.  
 
-Ние најпрвин го мериме процентот на водата, е тука нешто не е исправно. Тука на овој мед по вештачки пат му е одземена водата, ете ние против тоа се бориме, изјави Слободан Јефтиќ Меѓународен судија за квалитет на медот

Целта на манифестацијата според организаторите е оригиналниот мед да се препознае и одвои од таканаречениот мед, кој се продава по пазарите и маркетите.

-Затоа и оваа манифестација е да се види дека ние пчеларите сме организирани и нашите производи се оценуваат од стручни лица, се оценува органолептички и микробиолошки. Тој што учествувал и ќе добие награда и сертификат и ќе може пред купувачите да каже колку овој мед е квалитетен. Треба да имаме организација од аспект на извоз на медот. Квалитетот постои, тоа е важно да го има, дека ќе дојде време и тој мед ќе се продаде. Најголемиот проблем се разбира се климатските промени, поради тоа и се намалува приносот. Ние се прилагодуваме на климатските промени, се трудиме да бидеме пофлексибилни, ги селиме пчелите, се со цел да бидеме порентабилни и слично. За споредба пред неколку години се вадеше од едно пчелно семејство и до 30 килограми мед, а сега некои вадат и 5 до 6 килограми, изјави Владимир Антовски пчелар од тетовско Жилче.  

На натпреварот најпрвин се анализираа органолептичките својства на медот, чии мостри ќе завршат на лабараториски испитувања, а за неколку недели ќе се знаат и победниците на овој натпревар. Годинава оваа манифестација се организира по втор пат,и покрај како што велат пчеларите средножалосната состојба со медот на натпреварот имаше 370 мостри од мед од 17 земји и четири континенти. 

Зоран Димовски

Слични написи

Back to top button
Close