Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
За новите тутунарски здруженија Стомнароски испраќа смешно соопштението од неговиот Сојуз
Реакција на новите тутунарски здруженија на соопшението на Сојузот на Стомнароски
Смешно е соопштението на Сојузот на земјоделски здруженија со кое денес и се соопшти на јавноста дека донеле правилник во интерес на тутунопроизводителите,реагираат од новоформираните тутунарски здруженија чиј координатор е Игор Мирчески.
-И во стариот правилник здравиот тутунот се откупуваше во три класи, а четврта класа беше збирна класа од сите инсерции берби со лош квалитет. Тоа што се промени името на збирната класа од четврта во дополнителна прва е придобивка за тутунарите?, прашува Мирчески
-ССЗ ако беше на страната на тутунарите требаше да издејствува покачување на цените по класи, а не да биди учесник во еден театар кој ни се случи. За да биде јавноста правилно информирана Сојузот и МЗШВ ни скроија правилник без предходна консултација на откупувачите, Институтот за тутун, стручната фела од секторот, а ниту беа информирани производителите. Тој правилник беше објавен во Службен весник на 25.10. 2021 и таков како што беше изготвен гарантираше намалување на цената на класите. Но, благодарение на нашата реакција и противењето на откупувачите се ретерира и се усвои нов правилник кој не е ништо поразличен од ланската реколта. Самиот факт што имаме одличен квалитет во оваа реколта може да придонесе за повисок просек од предходната, а не нов правилник кој божем е донесен во наш интерес. И затоа уште пред почетокот на откупот ги повикувам инспекторатот при МЗШВ како и поверениците на вага да застанат во одбрана за реална проценка на тутунот, да не дозволат проценка на квалитетен тутун во пониска класа што впрочем ни се случи минатата реколта, се вели во реакцијата на новоформираните тутунски здруженија и координаторот Мирчески.