fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За земјоделците 2023 година проблематична – нема работници и пласман

ВИДЕО- Недостигот од пласман, немањето реални откупни цени и климатските промени се најголемите проблеми со кои изминатава 2023 година се соочија земјоделците сметаат од националната федерација за фермери.

Како останати проблеми со кои и натаму се соочуваат земјоделците е нероганизираноста и слабото ниво на здружување, немањето законско решение за договорно производство кај сите поважни земјоделски култури како што е примерот со тутунот, иселувањето и миграцијата од село во град а како еден од посериозните проблеми се посочи и хроничниот недостиг од работна сила за кој веќе одредени компании од агро секторот поднеле барање за увоз на работна сила. Една од работите на што најмногу ќе се фокусираат земјоделците следната година е законското воведување на пресметката на производната цена како гаранција дека нема отупувачите да печелат на грбот на оние што произведуваат храна, нешто што прво ќе се применува од следната година при откупот на грозјето.

Како позитивни придобивки од годинава што изминува земјоделците ги спомнаа програмите за мајчинство со кој жените од руралните средини добија по 30 години право на платено породилно отсуство како и можност земјоделците да се регистрираат како мали оператори со храна и легално да продаваат преработки со додадена вредност по традиционални рецепти, пренесува Канал 5

Игор Манасиевски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close