fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Утрово најстудено во Берово со -2 степени, попладне дожд и снег на планините

Утрово највисока температура е измерена во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени.

Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, 0 степени измерени се во Крива Паланка, Тетово, Струмица, Mаврови Анови, 1 степен во Куманово, Виница, 2 степени во Штип, Велес, Кавадарци, Kрушево и 3 степени во Охрид и Демир Капија.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close