Забрана за дневното намалување на откупните цени на земјоделските производи
Откупот на земјоделските производи се врши со минимални цени кои важат една недела. Со измените на законот, фармерите се заштита од дневното манипулирање од страна на трговците и од неизвесноста по која цена ќе го продадат своето производство.
Се забрани дневното намалување на откупните цени на сите земјоделските производи.
Трговците кои вршат откуп мораат да ги истакнуваат минималните цени по кои ќе купуваат во наредните седум дена без да ги менуваат, односно да ги намалуваат.
Откупните цени може да бидат поголеми, но неможе да бидат помали од истакнатите неделни цени.
Ваквата измена се воведе поради жалбите на фармерите од монополската положба и однесувањето на откупувачите кои намалувањето на цените го прават и неколку пати дневно или секој ден во текот на откупот.
Според Државниот инспекторат за земјоделство, контролата на терен покажува дека оваа законска одредба од страна на откупувачите се почитува.