Забрзано се гради мултифункционален објект во населеното место Ивањевци
Пелагонија-Општина Могила
Градежните активности за изградба на мултифункционален објект во населеното место Ивањевци започнаа во месец ноември 2019 година.
Овој проект е од особено значење за жителите на ова населено место со што ќе го збогати социо – културниот живот во овој дел од oпштината.
-Жителите на село Ивањевци ќе добијат повеќенаменски објект за сите категории на граѓани. Во објектот, кој се очекува да биде завршен во првата половина од оваа година, ќе се реализираат активности од областа на културата, а исто така месната заедница ќе има простор каде што ќе може да одржува состаноци. Како локална самоуправа ќе обезбедиме и различни курсеви и обуки за млади и возрасни со што ќе го збогатиме социјалниот и културен живот во ова населено место-изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.
Изградбата на овој објект е во износод 5.328.800 денари, средства обезбедени од Бирото за регионален развој и буџетотна Општина Могила.
Повеќенаменски објект и занаселеното место Могила
Градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, најави изградба на повеќенаменски објект во населеното место Могила. Со изградбата на овој проект непречено ќе се одвива издавање на лични документи, дополнителни услуги за можности за вработување, социјални услуги, културен центар, образовно надградување на младите како и канцеларија за граѓански иницијативи и акции.
-Ваков објект одамна му недостига на жителите на најголемото населено место во нашата општина. Могила ќе добие современ културен центар кој ќе нуди активности и можности за сите жители на населеното место и општината. За скоро ќе биде објавен оглас за тендер и штом биде избран изведувач на градежните активности, веднаш ќе се пристапи кон изградба на овој повеќенаменски објект. Истиот се очекува да биде завршен и пуштен во функција до крајот на оваа календарска година-рече градоначалничката Гулевска.
Вредноста на овој проект изнесува 8.812.654 денари.
Канализација и оградување на стадионот во населеното место Будаково
Во населеното место Будаково на средба со граѓаните беа градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Гулевска и Ковачевски разговараа со жителите на Будаково за проблемите, потребите и барањата кои ги имаат жителите на ова населено место. Како еден од приоритетите е затворање на отворениот канал кој минува среде селото и изградба на атмосферска канализација.
Ковачевски, најави дека АД ЕСМ како општествено одговорна компанија ќе помогне за реализација на овие проекти.
Градоначалничката Гулевска,пак,истакна дека проектната документација е веќе изработена и ќе се пристапи кон избор на изведувач и започнување на изградба на канализациска мрежа во најкраток временски период. Исто така, пред жителите на населеното место Будаково рече дека пред почетокот на сезоната ќе се огради фудбалскиот стадион и истиот ќе се одржува, за што ќе нема потреба фудбалската екипа на село Будаково да игра натпревари во други населени места.
A.Б