fbpx
Вести

„Витаминка“ на саемот Интерфуд&Дринк во Софија

„Витаминка“ од денеска се претставува на саемот Интерфуд&Дринк кој од 7 до 10 ноември по 17. пат се одржува во Софија. Овој меѓународен саем е најголема саемска манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и истовремено е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија во Југоисточна Европа па како таков нуди одлични можности за претставување, воспоставување контакти и отворање нови деловни можности. На овој настан има зголемено меѓународно присуство што овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање нови партнери и пазари. На саемот се организираат и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.

„Витаминка“ со своите производи е веќе присутна и позната на бугарскиот пазар, а Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и други се веќе препознатливи брендови во оваа земја, докажани со својот квалитет.

Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на Интерфуд&Дринк не само што ќе ја зацврсти својата позиција на бугарскиот пазар, туку ќе создаде простор за отворање потенцијални нови пазари и за нови пласмани.

 


 

plusinfo

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close