fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Задругите и преработувачите на директни средби ќе го унапредуваат договорното производство

Планското производство или попознато како договорно производство е нешто што во развиените земји помогнало да се зголеми нивото на произведените количини, да се намали ризикот каде произведеното ќе се продаде и по кои цени а за преработувачите исто така носи бројни предност пред се од аспект на слободно склучување на извозни договори со странски партнери со сигурност дека нема да плаќаат ,,пенали,, за неисполнети обврски.

Во струмичко се одржа првата директна средба помеѓу македонската асоцијација на земјоделски задруги и македонската асоцијација на преработувачи а на средбата присуствуваа и од асоцијацијата на органски производители. Планското производство или попознато како договорно производство е нешто што во развиените земји помогнало да се зголеми нивото на произведените количини, да се намали ризикот каде произведеното ќе се продаде и по кои цени а за преработувачите исто така носи бројни предност пред се од аспект на слободно склучување на извозни договори со странски партнери со сигурност дека нема да плаќаат ,,пенали,, за неисполнети обврски. Заради бројните предности кои ги носи договорното производство задругите и преработувачите седнаа на заедничка маса за да разговараат отворено кои работи треба да се исполнат а кои да се изменат за преку склучени договори на почетокот на сезоната да можат и земјоделците и конзервните фабрики да се фокусираат на производството, да не губат време за барање на суровина а земјоделците за барање пласман туку само да работат.

-Години наназад се бара начин како да се заживее договорното производство меѓу преработувачите и производителите како модел кој е препознаен и прифатен и во развиените европски земји. Ние како МАП со години се обидуваме да го поставиме договорното како најнормален начин на производство но со доста тешкотии. Со тек на време сепак можам да кажам дека има напредок но се уште е далеку од она што ние би сакале да го постигнеме. Преку овие средби сакаме тоа ниво да го поткренеме преку соработката со земјоделските задруги со што за нас многу ќе се олесни процесот. Задругите си имаат податоци за членството и тие на нас ќе ни даваат групни податоци колку можат да произведат и во кој период да го планираме тоа производство за откуп за на нас да ни остане само навреме да им подготвиме договори. Дури и во тој дел ни се олеснуваат работите административно бидејќи склучуваме договор само со задругата а не со секој поединечно како досега. Според нас не постои друг начин освен да се бориме да се воведе овој модел на договорно производство сите и институциите преку разни мерки и поддршки и разните донаторски проекти кои помагаат. Ние како МАП инсистираме се што им следи од институциите земјоделците да си добијат дури и да се зголеми таа поддршка ако е со однапред дефинирана со договори, особено за оние кои навреме ќе ги исполнат тие договори што мислиме дека многу ќе помогне за развој на земјоделството рече Сашо Ристевски извршен секретар на Македонската асоцијација на преработувачи МАП.

Според анализите кои ги прави МАП бројот на договори секоја година е во пораст но сепак голем е бројот на такви договори во кои не се прецизираат цената, квалитетот и рокот на испорака со што може да се каже дека не ги исполнува условите за вистинско договорно производство. Се уште земјоделците со конзервните преработувачи тактизираат се она што нема да може да се продаде на пазарите како свежо тогаш да оди за преработка што и претставува вистинска пречка за унапредувањето на овој договорен модел.

-Задругите имаа потенцијал за развој на договорното производство. Ние не измислуваме топла вода туку вака функционира Европа. Нема земја во ЕУ каде земјоделците не се здружени во група, здружение  или во задруга и како такви настапуваат пред институциите но и пред преработувачите кога се склучуваат договори. Вообичаено се прави договор за се она што е втора и трета класа и не може да оди на пазар за свежа консумација да биде наменето за преработувачката индустрија. Ние како задруга овој модел го практикувавме пред 2-3 години кога како задруга договоривме количина на жолта куртовска капија за една конзеврна фабрика и според однапред добиено семе, со познати цени, за познат купец нас ни остана само да береме и да праќаме камиони што се покажа како доста исплатливо. Сега се уште работиме на овој модел иако со помал обем но не се откажуваме од идејата и можноста професионалните земјоделци особено оние со поголеми површини да работат за однапред познат купувач. Ако не се преработувачите и ако немаш договор немаш потреба да садиш куртовска капија само за на пазар. Тие се значајна алка во синџирот бидејќи кај нив завршуваат годишно од 45 до 50 илјади тони на ваква пиперка за преработка. Како тие ги шират своите производни капацитети така и ние одиме и се развиваме со нив, рече Драги Памуков менаџер на земјоделската задруга Веге Фреш од Куклуш Струмица.

Оваа година и владата во своите најави и планови ги вметна преработувачите кои треба и можат многу да помогнат да се врати економијата после периодот на корона. Договорното производство како предуслов за успешно земјоделство но и за успешно планирање на искористеноста на преработувачките капацитети останува еден од приоритети на кои многу ќе се работи и ќе се бараат модели како да заживее во поголем обем.

Тим на Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close