ВестиМакедонијаТоп вести
Задругите значаен партнер во земјоделскиот сектор
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа имаше можност да присуствува на седницата на Собранието на Македонската асоцијација на земјоделски задруги во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна.
Задругите претставуваат многу значајни партнери во земјоделскиот сектор во сите земји членки на ЕУ. МАЗЗ се вклучени во креирањето на земјоделските политики преку учество во работна група за законската материја од областа на задругарството.
МЗШВ го препозна МАЗЗ за свој економски и социјален партнер и на тој начин му даде моќ во креирање на аграрните политики во земјава.