Заев најави субвенција од плус три денари за индустриското јаболко
Голем процент од годинешниот јаболков род во Преспа ќе биде предаден за индустриско јаболко како последица на штетите од врнежите град
Голем процент од годинешниот јаболков род во Преспа ќе биде предаден за индустриско јаболко како последица на штетите од врнежите град, кои во текот на годината зафатија дури 80 проценти од насадите во овој крај. Со цел да се ублажат загубите на овоштарите, премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство Ајранит Хоџа, кои денеска во Преспа го откинаа првото јаболко, со што симболично започна јаболкоберот, најавија субвенција од плус три денари за индустриското јаболко.
„Годинава не очекуваме проблеми со пласманот. Проблемот се создава во делот на индустриското јаболко. Поради тешката година, има поголеми количини и поради тоа издејствуваме од буџетот да издвоиме три денари по килограм за производителите“, рече Хоџа, кој е роден ресенчанец.
Според првичните проценки на терен, на индустриското јаболко ќе отпадне скоро половина од родот.
Миниситерот за земјоделство Хоџа најави дека македонското јаболко годинава ќе заврши и на украинскиот пазар, каде ќе се увезува без царина. Тој додаде дека во Ресен се поделени 2.000 картички за зелена нафта како дополнителна помош за земјоделците
Премиерот Заев рече дека оваа година, и покрај коронакризата и глобалната економска криза, државата исплатила субвенции за овоштарството од околу 9,5 милиони евра.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/golem-del-od-godinashniot-rod-vo-prespa-ke-zavrshi-kako-industrisko-jabolko-poradi-shtetite-od-gradot/