ВестиМакедонија
Заев: Усвоена е Стратегијата за производство на тутун 2021-2027
Информацијата на својот фејсбук профил ја сподели премиерот Зоран Заев.
Стратегијата за производство на тутун за периодот 2021-2027 година заедно со акцискиот план е усвоена од страна на Владата на 43-тата седница.
Информацијата на својот фејсбук профил ја сподели премиерот Зоран Заев.
– Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун се: државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство; поддршката на доходот на земјоделските стопанства; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони и поддршката за формирање на организации на производители, напиша Заев на Фејсбук.
На 43-тата редовна седница на Владата ја усвоивме Стратегијата за производство на тутун за период 2021 – 2027 година, заедно со акционен план.
Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун се:
✅ државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство;
✅ поддршката на доходот на земјоделските стопанства;
✅ политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони;
✅ и поддршката за формирање на организации на производители.
Прочитајте повеќе за одлуките од седницата: vlada.mk/node/24087